НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гренланд – островот богат со ресурси што го сака Трамп

0
By Marija Todorovska on January 10, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оддалечен, леден и главно неистражен, Гренланд игра главна улога во секојдневните временски услови за милијарди луѓе и за глобалните климатски промени.

Гренланд е место на климатски промени, оскудни ресурси, „напната“ геополитика и нови начини на тргување, и сето тоа се испреплетува, вели Џеф Дабелко, професор по безбедност и животна средина на Универзитетот во Охајо.

Островот сега е центар за геополитичка и геоекономска конкуренција на многу начини, делумно поради климатските промени, смета Дабелко.

Уште во својот прв мандат, новоизбраниот претседател Доналд Трамп изрази интерес за купување на Гренланд, кој е полуавтономна територија на Данска, американски сојузник и една од земјите што го основаа НАТО.

Исто така, таму има голема американска воена база.

Зошто е Гренланд пожелен?

Помислете на Гренланд како отворена врата од фрижидерот или термостат за глобално затоплување, а тој е во регион кој се загрева четири пати побрзо од остатокот од светот, вели климатскиот научник Дејвид Холанд од Универзитетот во Њујорк.

Гренланд содржи ретки минерали со огромна вредност за телекомуникациите, како и ураниум, потоа милијарди неискористени барели нафта и огромно снабдување со природен гас што некогаш беше недостапно, а станува се поретко.

Многу од тие минерали во моментов главно се испорачуваат од Кина, така што други земји како САД се заинтересирани, посочува професорот Дабелко.

Трамп: купувањето на Гренланд, голема зделка со недвижнини

Пред три години, данската влада ја суспендираше офшор експлоатацијата на нафта од територијата населена со 57 000 луѓе.

„Но, повеќе од нафта, гас или минерали, тука има огромно количество мраз“, вели климатологот Ерик Рињот од Универзитетот во Калифорнија.

Ако тој мраз се стопи, би ги променил крајбрежјето ширум светот и потенцијално би ги променил временските шеми толку драматично што изгледа како сценарио за холивудски филм за катастрофа.

Гренланд има доволно мраз да ги подигне светските мориња за 7,4 метри доколку се стопи. Речиси еден метар од тоа е таканаречениот зомби мраз, кој ќе се стопи што и да се случи, предвидува студијата од 2022 година.

Од 1992 година, Гренланд губи околу 182 милијарди тони мраз секоја година, а до 2019 година кога изгуби 489 милијарди тони.

„Гренланд ќе биде во фокусот во 21 век поради ефектот што ќе го има топењето на нејзината ледена покривка врз нивото на морето“, рече Марк Серезе, директор на Националниот центар за податоци за снег и мраз во Болдер, Колорадо.

„Веројатно ќе стане уште поголемо во иднина. Тоа влијание може да биде незапирливо“, рече Холанд.

Играат ли улога другите климатски фактори?

Гренланд, исто така, служи како мотор и прекинувач за вклучување-исклучување за клучната океанска струја што влијае на климата на Земјата на многу начини, вклучувајќи ја и активноста на ураганите и зимските бури.

„Тоа се нарекува Атлантска меридијална циркулација или AMOC, и се забавува бидејќи повеќе свежа вода се фрла во океанот со топење на мразот на Гренланд“, објаснува Серезе.

Научниците предупредуваат дека клучната океанска струја во Атлантикот е блиску до колапс

Исклучувањето на Атланската меридијална струја е многу страшна климатска пресвртница што може да ја втурне Европа и делови од Северна Америка во долгорочно замрзнување, што е сценарио прикажано во филмот „Денот потоа“ (The Day After Tomorrow) од 2004 година.

„Доколку овој глобален систем значително се забави или дури и целосно пропадне, како што знаеме претходно, нормалните разлики во температурата и врнежите ширум светот драматично би се промениле“, истакнува климатологот Џенифер Френсис од Центарот за истражување на климата Вудвел.

„Земјоделството би било надвор од контрола, екосистемите би пропаднале, а нормалните временски услови би биле минато“, додава Френсис.

Гренланд, исто така, ја менува бојата додека се топи. Од белата боја на мразот, која ја рефлектира сончевата светлина, топлината и енергијата далеку од планетата, до сината и зелената боја на океанот и копното, кои апсорбираат многу повеќе енергија, вели Холанд.

Гренланд игра улога во драматичното замрзнување кое моментално доминира во две третини од Соединетите Држави.

Во 2012 година, временските услови над Гренланд предизвикаа супербурата „Сенди“ да се упати кон Њујорк и Њу Џерси, вели експертот за зимски временски услови Џуда Коен од приватната фирма „Атмосфери и еколошки истражувања“.

Ледените брегови на Гренланд го менуваат и текот на млазниот проток, кој носи бури низ светот и ги диктира временските шеми.

„Често, особено во зима, системот под висок притисок на Гренланд предизвикува арктичкиот воздух да паѓа на запад и исток, погодувајќи ја Северна Америка и Европа“, рече Коен.

Зошто позицијата на Гренланд е толку важна?

Затоа што се наоѓа на Арктичкиот круг помеѓу Соединетите Држави, Русија и Европа, Гренланд е геополитички улов што САД и другите го посакуваат повеќе од 150 години.

Тој е уште повреден бидејќи Арктикот се отвора повеќе за превозот и трговијата.

Не се зема предвид уникатниот изглед на островот покриен со мраз кој ги има некои од најстарите карпи на Земјата.

„Неверојатно е убаво. Интересно е да се биде таму. Парчиња мраз со големина на „Емпајер Стејт Билдинг“ само се откинуваат од карпите и паѓаат во океанот. Исто така, таму има прекрасен див свет, фоки и китови убијци. Тоа едноставно ви го одзема здивот“, рече Холанд, кој го истражуваше мразот на овој остров, повеќе од 30 пати од 2007 година.

„Да го направиме Гренланд повторно голем“

Новоизбраниот претседател на Соединетите Држави Доналд Трамп неодамна ја повтори својата желба Гренланд да се приклучи кон САД. Прво потврди дека островот ќе го посети неговиот син Доналд Трамп помладиот, а откако тоа се случи објави и фотографии од посетата.

„Пречекот на Трамп Џуниор беше одличен. Ним (Гренланд) и на Слободниот свет им треба безбедност, сигурност, сила и мир. Ова е договор што треба да се случи. Да го направиме Гренланд повторно голем“, напиша републиканецот во објавата на неговиот канал „Truth Social“.

Подоцна истиот ден, Трамп беше прашан и за уште еден негов интерес – Панамскиот канал, кој го поврзува Тихиот Океан со Атлантскиот Океан и е клучен морски пат. Трамп во минатото изјавуваше дека и тој треба да биде под контрола на САД.

Републиканецот, кој ќе ја преземе функцијата за помалку од две недели, одговори дека не исклучува употреба на воена сила и економска принуда за да се постигне тоа. Тој дури и се закани дека ќе и воведе царини на Данска, доколку таа се спротивстави на неговата понуда да го купи Гренланд.

Текстот е сопственост на Радио Слободна Европа

Атлантик Гренланд клима Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.