Published: Thursday, January 9, 2014 12:52
Нови 366 заболени од грип се регистрирани во првата недела од оваа година. Во однос на овој период минатата година се забележува зголемување на бројот на заболени од сезонски грип за 2,6 проценти.
Со ова вкупниот број на регистрирани случаи со грип изнесува 1343, што е за 81,5 проценти повеќе од истиот период лани, информираат од Институтот за јавно здравје.
Нема починати од вирусот на грипот. Декември е месецот каде што пикот на грип е најголем, односно граѓаните најмногу с е разболувале, дури 606 луѓе се разболеле минатиот месец.




