Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска: Родовата еднаквост е основен принцип на демократијата

0
By Ана Василевска on March 6, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога зборуваме за родова еднаквост зборуваме за основни принципи на демократијата, за право на избор, за слобода на определување и вклученост на жените во сите сектори и општествени процеси, истакна вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на конференцијата на тема „Жените и дигитализацијата – надминување на бариерите, отворање можности за унапредување на родовата еднаквост”.

Според вицепремиерката, во таа вклученост не смееме да бидеме сведоци на процеси кои стагнираат, туку дигитализација треба да биде процес кој носи напредок на сите полиња и дека таа претставува општествен, а не политички процес.

„Дигиталната трансформација не е важна само поради исполнување на владина стратешка цел за модерна и ефикасна јавна администрација, дигитализација која дава брзи и ефикасни услуги е директно поврзана со други цели, кои се владини, но, се цели кои се интерес на нашата држава, економски раст, повисок стандард, поквалитетно образование, владеење на право, транспарентност и намалување на корупција“, рече таа.

На конференцијата што се одржува денеска во организација на телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), свое обраќање имаат и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија и Армен Григорјан, постојан претставник на UNDP во Северна Македонија.

По воведните обраќања се предвидени три панел дискусии на кои ќе се зборува за создавање можности за работи – трасирање на патот кон дигитална трансформација, учеството на жените на пазарот на трудот: предизвици и можности, како и за дигиталните алатки за унапредување на родовата еднаквост.

дигитална трансформација родова еднаквост Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.