Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРОМ: Без предвремени избори – можна е уставна криза

0
By Нова ТВ on October 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2013 15:13

„Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ од вчера е легитимен политички субјект на политичката сцена во Република Македонија, бидејќи ја добивме судската регистрација, со сите избрани органи и тела на партијата. Тоа значи дека од сега натаму, јавноста во Македонија ќе може да ги слушне сите ставови по повод актуелните политички прашања во земјата, како и од сферата на економско-социјални проблеми.

– Освен тоа, ГРОМ натаму ќе делува на политичката сцена со свои предлози и политички ставови кои ќе ја отсликуваат партиската програма и партиските заложби согласно Платформата на ГРОМ, како партија на центарот на која во средиштето и е токму благосостојбата на граѓанинот и просперитетот на државата.“

Ова го изјави лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, на денешната конференција за печат на која покрај тоа што го официјализира добивањето целосен легитимитет за функционирање на партијата ја елаборираше и позицијата на Граѓанската опција за Македонија околу потребата од предврмени парламентарни избори.

„Денес, Граѓанската опција за Македонија ќе го промовира својот став околу политичката одговорност на двата најголеми политички субјекти за моменталната состојба во државата. Оттаму ГРОМ се залага за организирање на предвремени парламентарни избори напролет и тоа од три битни за нас причини:

-Ние, рече претседателот на ГРОМ, во 2013 година имавме локални избори што практично значеше дека од 11 јануари до 24 април ние имавме техничка влада. Тоа значеше дека ниту можеше да се носат некои одлуки, ниту закони, а сето тоа се пренесува врз работата на локалната сампоуправа. Догодина исто така ќе имаме претседателски избори и исто толкав период техничка влада. Потоа во 2015 редовни паламентарни избори, што значи дека во 36 месеци ние практично 12 месеци ќе имаме техничка влада, што е исклучително неповолно за земјата. Доколку и мислиме добро на државата, нагласи Јакимовски, тој процес треба да се скрати и напролет треба да имаме истовремено и претседателски и парламентарни избори.
Втора битна работа за нас, рече претседателот на Граѓанската опција за Македонија, е дека доколку одиме само на претседателски избори, ќе имаме проблем со цензусот, а во тој случај освен што ќе имаме сериозна политичка криза, ќе се доведеме во ситуација да имаме и уставна криза.

Последната трета битна работа за нас, зашто треба да имаме предвремени парлементарни избори, е зашто имаме застој во евроатланските интеграции, економската состојба не ни е онаква каква што очекуваа граѓаните и каква што посакуваме. Освен тоа, има сериозен застој во политичкиот дијалог, а по оставката на Борис Кондарко од функцијата претседател на Државната изборна комисија, политичките конфронтации ќе ескалираат. Затоа, ставот на ГРОМ е дека најдобро напролет народот да се изјасни дали оваа власт треба да стане натаму или ќе дојде до смена на власта за да се разрешат многу проблеми во Република Македонија.

Поради тоа, ГРОМ, вели Јакимовски, го повикува ВМРО-ДПМНЕ како владејачка политичка партија да направи сé, без било какви изговори, да ги спроведе препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да направи сé изборите на пролет да бидат фер, демократски и согласно европските стандарди.

Во исто време го повикуваме СДСМ веднаш по распишувањето на огласот во Парламентот да го дадат својот претставник во ДИК. Во спротивно оставката на Кондарко ќе ја сметаме како политички маневар и барање алиби за неодење на избори, изјави на днешната прес конференција првиот човек на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Одговарајќи на новинарски прашања околу името на можниот претседателски кандидат на ГРОМ за догодина, Јакимовски рече дека за предлогот ГРОМ ќе се изјасни после 15 јануари следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.