Лозница: Драматични сцени се случија во Лозница, Србија, кога гром удри за време на фудбалски натпревар во неделата. Полесно се повредени 11 играчи.
Како што јавува медиумот, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клубац и Цера од Петковица.
Според неофицијални информации, десет играчи од домашната екипа се полесно повредени, а еден играч од Цера е тешко повреден и е подложен на реанимација.