Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција и пред 1 јули подготвена да го воведе дигиталниот Ковид сертификат

0
By НОВА ТВ Balaban on May 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доказ за вакцинација, доказ за негативен ПЦР или антигенски (рапид) тест или доказ за прележана болест, заедно со основните лични податоци, содржи европскиот дигитален Ковид сертификат (EU Digital COVID Certificate) што денеска беше презентиран во Атина од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, министерот за дигитална политика Кирјакос Пијеракакис, а во присуство на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, јави дописничката на МИА од Атина.

– Намерата не е да ги подели граѓаните, Европскиот дигитален ковид сертификат, не е ништо повеќе од брза линија за патување. Патувањето ќе го направи многу полесно, особено за време на летото, рече Мицотакис и истакна дека Грција е подготвена, сертификатот да го воведе пред 1 јули односно пред датумот одреден од Унијата.

Говорејќи за содржината објасни дека националните податоци се вклучени во ЕУ платформа на безбеден и заштитен начин.

– Ги вклучува сите информации што ќе им бидат потребни на земјите членки за да ги пречекаат туристите и без да бидат подложени на дополнителни рестрикции. Доказ за вакцинација, доказ за негативен тест ПЦР или антиген тест или доказ за прележана болест, објасни Мицотакис.

Министерот за дигитална политика на Грција, презентирајќи го сертификатот објасни дека треба да биде заеднички за сите земји членки и дека е потребна платформа за верификација на документот, нешто што веќе е обезбедено.

Грција ќе го користи постоечкиот PLF формулар во кој ќе биде вклучен и сертификатот доколку туристот ќе биде потребно да направи тест пред враќањето во неговата земја.

Сертификатот ќе содржи специјален код, што при влезот во Грција ќе се скенира за да се потврди валидноста на документот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека е важна алатка што ќе биде клучот за патување во Европа, додека по завршувањето на презентацијата, преку Твитер коментираше дека „идејата за дигитален сертификат денеска станува реалност“.

Грција дигитален Ковид сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.