Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција: Истрага за заканите за пратениците кои го поддржуваат Договорот

0
By Нова ТВ on January 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 13, 2019 09:04

Oбвинителката на Врховниот суд на Грција, Ксени Димитриу нареди да се спроведе истрага за заканувачките пораки што биле испраќани до пратеници кои го поддржуваат Договорот од Преспа.

Интервенцијата на обвинителката е да се утврди дали има злоупотреба на личните податоци и повици за извршување кривично дело, а доаѓа по написите во грчките медиуми, но и по јавно изнесените ставови на дел од пратениците.

По гласањето во македонското Собрание, од петокот вечерта, на социјалните мрежи во Грција се појави фотографија со порака од член на префектуралниот административен комитет на Нова демократија испратена до членови и симпатизери на опозициската партија од кои бара да им се закануваат на пратениците кои што се подготвени да гласаат за Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.

– Им праќаме порака на оние што се чини дека се подготвени да ја поддржат владата што ќе ја предаде нашата Македонија. Им велиме дека ова нема да се заборави. Да не се осмелат да ја предадат Македонија, пишува во пораката според она што е објавено на социјалните мрежи и во продолжение следат телефонските броеви на министрите: Кундура, Папакоста, Боларис, Кокалис и на пратениците Папахристопулос,Зурарис и Саридис.

Дел од пратениците, за грчките медиуми потврдија дека добивале закани преку телефон, а реагираа и од кабинетот на Ципрас, од каде што велат дека станува збор за антидемократска пракса.

– Механизмот на Нова демократија, очигледно со целосно знаење и водство, на господинот Мицотакис се обидува да ги исплаши пратениците. Тоа цинично го призна и портпаролот на Нова демократија, господинот Киранакис, кој овие телефонски повици ги карактеризираше како „обврска“. Пратениците ќе одговорат кревајќи го гласот на нивната совест за одбрна на она што е национално корисно, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.