За првпат од доаѓањето на Владата на премиерот Алексис Ципрас, Грција се врати на пазарите за задолжување.
Грчките медиуми јавуват дека земјата денеска издаде петгодишни обврзници, првпат по тригодишното отсуство на пазарот за обврзници, и е на пат да собере финансиски средства по пониска цена, што би претставувало симболична победа на кризата која започна пред 7 години.
Грчката новинска агенција АНА јави дека првичните трансакции за петгодишните владини обврзници биле откупени од заинтересираните банки за повратна каматна стапка од 4,875 проценти, што е за нијанса помалку од оние 4,95 проценти остварени на последната грчка аукција на петгодишни еврообврзници во 2014 година.
Европскиот комесар за економија и монетарна политика Пјер Московиси, кој се наоѓа во посета на Атина, денеска ја пофали Грција за „спектакуларното подобрување“ на финансискатата ситуација кое ѝ овозможи на земјата „постепено да се врати“ на финансискиот пазар.

