Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција веројатно ќе зголеми бројот на гледачи на спортските натпревари

0
By НОВА ТВ Balaban on February 14, 2022 РЕГИОН
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според грчките медиуми, целта на Владата е во текот на следниот месец да бидат укинати речиси сите рестрикции што се однесуваат на вакцинираните

Укинување на забраната за стоење во кафулињата и угостителските објекти и зголемување на бројот на гледачи на спортските натпревари, се можните мерки што според грчките медиуми, се разгледуваат во Грција, мерки кои се однесуваат само на вакцинираните, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежната комисија на епидемиолози, в среда ќе го одржи редовниот состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и евентуално да препорача дополнително олабавување на мерките воведени за време на новогодишните и божиќните празници.

Според грчките медиуми, целта на Владата е во текот на следниот месец да бидат укинати речиси сите рестрикции што се однесуваат на вакцинираните, а министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за весникот „Елефтерос Типос“, рече дека ќе има постепено враќање во нормала за вакцинираните граѓани.

-Главната дискусија со другите министри за здравство на ЕУ е дека постепено треба да се вратиме во нормала во време кога мутацијата Омикрон е опасна, но го нема разболувањето на мутацијата Делта. Во комбинација со притисокот врз нашиот Национален здравствен систем, ќе одиме кон олабавување на мерките со цел брзо враќање во нормала за вакцинираните граѓани, објасни Плеврис.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 2.174.093 случаи на Ковид-19, починаа вкупно 24.754 лица, а вчера, по подолг период, бројот на пациенти приклучени на апарат се намали на под 500.

вакцинирани Грција мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.