Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грците првично со три барања во Заедничкиот комитет за ревизија на книгите

0
By Нова ТВ on January 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 10, 2019 13:59

Наставниците и професорите во предавањата да избегнуваат материјали што содржат иредентизам, од учебниците да се исфрлат античко грчките симболи и картите на Голема Македонија, биле трите барања на грчката страна на состанокот со колегите експерти од нашата земја, брифираат официјални грчки дипломатски извори, јави МИА од Атина.

Првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Македонија и Грција за историски, археолошки и образовни прашања одржан во ноември во Солун поминал во многу позитивна клима, а грчките дипломатски извори велат дека македонските експерти на чело со поранешниот амбасадор  Габер “беа во рамки на климата што е одредена од потпишувањето на договорот од двете држави и јасно ги обврзува земјите да не постојат иредентистички и ревизионистички аспирации во книгите”.

Втората средба ќе се одржи во текот на овој месец во Македонија, а на првиот состанок откако членовите на комитетот се договориле за правилата за водење на разговорите и процедурите (the rules of procedure), грчката страна на маса поставила три прашања.

-Прво, рековме дека другата страна ќе треба да се погрижи за упатставата што ќе бидат дадени на професорите и наставниците за наставата во новата учебна година да бидат такви што дури и да не се коригирани книгите,  да не предаваат материјали што содржат иредентизам или ревизионизам. Второ, од книгите да се исфрлат било кои античко грчки симболи што постојат или особено симболи на античкиот грчки македонизам, кои што поради оптичкиот контакт и како слики влијаат на децата. Третото што го кажавме е секако да се отстранат мапите кои што највидливата точка на иредентизмот, мапи кои ја опишуваат  Голема Македонија, објаснуваат официјалните грчки дипломатски избори.

Додаваат дека по првичниот договор и откако ќе се обезбедат трите барања ќе започне ред по ред ревизијата на учебниците.

Истите извори велат дека македонската страна немала конкретни барања од грчките колеги, “бидејќи грчките книги не содржат иредентизам, затоа што не е замисливо земја членка на ЕУ да има такво нешто во книгите”.

Грчките дипломатски извори, јави МИА од Атина, потенцираат дека Грција самоиницијативно ќе направи промена во нивните карти за да ги усогласат со меѓународните правила, па наместо како до сега за градот Битола да пишува Монастири како што е на грчки, ќе треба да стои Битола (Монастири) или за бугарскиот град Пловдив да пишува Пловдив (Филипуполи), а не само Филипуполи како што е сега.

Целта, според грчките дипломатски извори е книгите од следната година да бидат ослободени од иредентизам. Велат дека  и да не посотеше конкретниот член во Договорот од Преспа, ревизијата ќе беше дел од поглавјата за членство во унијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.