Артан Груби, првиот вицепремиер во составот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, на денешната владина прес конференција по повод 100 дена Влада, ја даде својата поддршка до македонската заедница за почеток на преговорите со ЕУ и оттаму „оттаму не се доведува до прашање идентитетот и јазикот“
„Големата победа беше потврда за поддршката за неселективна правда, општество еднакво за сите. Нашиот отчет е секојдневен. Би сакал да дадам поддршка до македонската заедница за почеток на преговорите со ЕУ. Па оттаму не се доведува до прашање идентитетот и јазикот во преговорите со нашиот сосед Бугарија. Ја потврдивме и определбата за пописот на населението, како политички договор од голема важност. Исто така, ги решаваме и работните места. Ги повикувам опозициските партии за конструктивност и соработка, односно да ја прифатат нашата подадена рака“, вели Груби.