Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби му преведувал на Хашкиот трибунал за „Жолтата куќа“, а не во неа

0
By Нова ТВ on November 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиер Артан Груби потврди дека преведувал за Хашкиот трибунал, но негира каква и да е поврзаност со озлогласената „Жолта куќа“ во близина на албанскиот град Бурел. Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово.

„Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, по претходни наводи за наводни злосторства таму и се утврди дека нема никаков случај“, вели Груби во изјава за медиумите. Тој не гледа ништо спорно во неговиот ангажман.

„Сите знаат дека сум работел во Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година во канцеларијата на обвинителката како преведувач и тоа сум работел на истраги и во Македонија, Косово, Албанија, во Црна Гора и Србија и нема ништо спорно во мојот ангажман“, дециден е Груби.

Повеќе медиуми, меѓу нив и неколку во Северна Македонија, пренесоа дека Груби бил ангажиран како преведувач во „Жолтата куќа“ сугерирајќи на тој начин, дека тој бил директно инволвиран во случувањата во неа.

„Жолтата куќа“ ја нема во обвиненијата

„Жолтата куќа“ во време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОВК, претежно Срби. За ова злосторство против човештвото пишуваше поранешната хашка обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа, Дик Марти. Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи се темели на извештајот на Марти.

Прашањето околу ангажманот на Груби се отвора во период кога во Хаг почна судскиот процес против раководството на ОВК кое е обвинето за воени злосторства. На обвинителната клупа се бившиот косовски претседател Хашим Тачи, бившиот спикер Кадри Весели и Јакуп Красниќи, тогашен портпарол на ОВК.

Но,интересно е што, според Груби, „Жолтата куќа“ воопшто не се ни споменува во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание. Токму затоа тој оценува дека станува збор за предизборна кампања во Албанија, во која не сака да биде инволвиран.

„Јас бев во Албанија во 2004 година, а наводите за направени злосторства се од 1998/99 година. Бевме таму како дел од истрагата, јас бев асистент на иследникот, но „Жолтата куќа“ воопшто не е дел од обвинението против претседателот на Косово, експретседателот на Собранието, туку други наводни злосторства од 1998 и 1999 година“, вели Груби.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој учествувал и во косовската војна, поради што беше повикан од Специјалниот суд да даде исказ, во интервју за ТВ21 вели дека неговиот најблизок соработник Артан Груби во случајот „Жолта куќа“ бил инволиран како преведувач.

„Јас не сметам дека тој бил истражител. Секако дека ја познавал материјата, бидејќи наивно би било да кажам дека не ја знаел материјата кога работел како преведувач и одреден период работел со луѓе кои ги правеле интервјуата“, изјави Ахмети.

Предизборна кампања и обвинувања

Во Албанија се одвива предизборна кампања и обвинувања помеѓу власта и опозицијата дека наводно лидерот на опозицијата бил дел од истрагата во „Жолтата куќа“, додека работел за УНМИК во одделот за правда. Ангажманот на Груби во Хашкиот трибунал и поврзаноста со истрагата за озлогласената „Жолта куќа“ се најде во средиштето на меѓусебните обвинувањата меѓу власта и опозицијата во Албанија.

Извор: dw.com/mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.