Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Оптимист сум за резултатите од посетата на Софија

0
By Sashko on January 25, 2022 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како дел од официјалната посета на македонската владина делегација во Софија и продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, првиот потпретседател на Владата и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска присуствуваше на средбата на Работната група од областа на образование, култура, наука и млади.

Придружуван од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Груби по средбата го изрази својот оптимизам за позитивната атмосфера и постигнувањето на многу заеднички проекти меѓу двете земји.

Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на Комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеци, истакна тој.

Како што соопшти прес-службата на Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците, на средбата биле истакнати заедничките приоритети на кои двете држави ќе работат во наредниот период, а тоа се објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници, составување на заеднички културен календар, унапредување на соработката меѓу универзитетите од двете земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава, организирање заеднички научни конференции, како и организирање фудбалски натпревар меѓу владините кабинети.

Во соопштението се додава дека ќе се интензивира соработката меѓу Агенцијата за млади и спорт и бугарското Министерство за млади и спорт. Исто така, ќе се реализира заемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

Артан Груби Бугарија Македонија оптимизам посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.