Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Со употреба на албанскиот јазик не загуби никој, се добија полојални граѓани

0
By Ivana on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сведоци сте дека во Влада се зборува албански јазик, секој ден во Собранието се зборува албански, како и во канцеларијата на претседателот на државата, но најважно од се е дека од употребата на албанскиот јазик, како придобивка од Охридскиот рамковен договор не изгуби никој, најмалку изгубија Македонците, напротив се добија многу полојални заедници, многу полојални граѓани затоа што колку е полојална државата кон граѓаните и заедниците, толку се полојални граѓаните и заедниците кон државата, нагласи денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

Тој, на денешниот настан, што се одржа во низата случувања по повод одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, нагласи дека употребата на албанскиот јазик е еден од столбовите на Охридскиот договор.

Во рамки на денешниот настан, што беше организиран од страна на Агенцијата за примена на јазикот, беа врачени сертификати на преведувачи на албански јазик кои работаат во државните институции.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, по тој повод истакна дека како Влада покажале оти посветено работат да создадат образование коешто се грижи за сите ученици и кое што нуди можност секој ученик да учи на својот мајчин јазик, не само да учи, туку и да дискутира за културата на другите коишто живеат блиску во неговата заедница.

– Ако заедно чувствуваме дека припаѓаме на оваа држава, дека заедно се бориме за нејзината иднина и за нејзината благосостојба, како и на секој граѓанин, тогаш навистина можеме заеднички да постигнеме многу повеќе. Новата концепција за основно образование, токму тоа го предвидува. За прв пат во основното образование во нашата држава се поставуваат три вредносни столбови. Еден од клучните столбови е интеркултура, како заеднички да создаваме граѓани кои што се грижат едни за други, коишто учат и зборуваат на својот мајчин јазик и сите заедно придонесуваат кон развој на државата и економски и социјален, наведе Царовска.

Министерката за образование и наука посочи дека другите два столба се инклузивноста, што значи дека на секој еден треба да му дадаме можност да го постигне својот максимален потенцијал, независно од каде доаѓа и колку може, а третата компонента е родовата рамноправност – и жените и мажите да можат да го постигнат својот полн потенцијал во нашата држава.

– Само такво образование може да понуди просперитет на земја којашто се стреми да ги постигне европските стандарди, но и свестските стандарди, затоа што тие претпочитаат почитување на моето право, почитување на правото на тој до мене и заедничко градење на иднината, заклучи Царовска

абански јазик Артан Груби лојални граѓани Употреба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.