Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски барал од Јанакиески да му предложи проектанти за парцелите на Водно и во Крушево

0
By НОВА ТВ Balaban on December 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Многу често со тогашниот премиер Никола Груевски, за многу објекти, ме прашуваше за архитекти, урбанисти итн. бидејќи Министерството за транспорт и врски издаваше лиценци. Конкретно, и за оваа локација ме имаше контактирано, но и за други, рече Јанакиески

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска сведочеше и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој кажа дека екс-премиерот Никола Груевски, обвинет во случајот „Плацови на Водно“, барал од него да му предложи архитекти, односно проектанти за парцелите на Водно и во Крушево, кои се дел од обвинението во овој предмет.Но, како што изјави, за овие парцели се дискутирало како и за многу други, во рамки на активностите на Комитетот за градежна експанзија, па во сведочењето не посочи дека станувало збор за личен интерес на бившиот премиер, објавува 360stepeni.mk.

 

Од друга страна, Јанакиески рече дека „бомбите“ што беа објавувани за земјиштето на Водно може да ги поврзе со локациите за кои своевремено дискутирале. Јанакиески раскажа дека едната парцела на Водно од околу 3. 000 метри квадратни, која инаку била државно земјиште, на јавно наддавање ја купила фирмата „ИТК инженеринг“, чиј сопственик, управител бил Александар Ивановски – Алек Теранова.

 

Бизнисменот, рече Јанакиески, како и за многу други локации, го контактирал да го праша за процедурите за јавно наддавање, со оглед дека во 2012 година новина било воведувањето електронско наддавање.Обвинителката Лиле Стефанова го праша дали и други лица го распрашувале, тој рече дека и тогашниот премиер Никола Груевски го прашувал, но не само за таа, туку и за други локации.„Многу често со тогашниот премиер Никола Груевски, за многу објекти, ме прашуваше за архитекти, урбанисти итн. бидејќи Министерството за транспорт и врски издаваше лиценци. Конкретно, и за оваа локација ме имаше контактирано, но и за други. Јас му предочив неколку архитекти кои може да го изработат тој проект. Што се случи понатаму, не можам да кажам”, сведочеше јанакиески.

 

Тој зборуваше дека за вакви прашања се дискутирало на Комитетот за градежна експанзија, со кој претседавал Груевски, а чија цел била урбанизација и наоѓање инвеститори за локациите.„Во рамките на Комитетот за градежна експанзија, тело кое се грижеше за забрзување на градежниот сектор, често зборувавме за анимирање потенцијални инвеститори за земјишта со цел истите да бидат ставени во функција. Покрај другите локации, како што се сеќавам, ме замоли да анимирам потенцијални инвеститори за оваа локација, но тоа не беше единствен случај каде што анимиравме, не само јас туку и министрите за економски прашања”, рече Јанакиески.

За оваа и за другите локации, кои сакале да ги стават во функција, била изготвена почетна или пазарна цена која била околу 400 евра. Потоа, рече дека заинтересираните ги упатувал кај Александар Ивановски кој бил претставник на фирмата која го купила државното земјиште. За потсетување, Ивановски во своето сведочење на претходното рочиште рече дека Сашо Мијалков, кој исто така е еден од обвинетите, побарал од него да се формира фирма за да купи парцела на Водно, за негов пријател.

 

На прашање на обвинителката дали Груевски барал информации и за други државни градежни земјишта што се продаваат надвор од Скопје, Јанакиески ги спомена и парцелите во Крушево.

 

„Од она што можам да се сетам, Никола Груевски за некој познаник, пријател, ме замоли ако може да му препорачам архитект“, рече Јанакиески и додаде дека тоа било парцела во викенд-населба на која требало да се нацртаат куќа и видиковец.Јанакиески одговараше и на прашања за земјиштето од 11. 000 метри квадратни на Водно, кое било на приватни сопственици и потоа било купено преку фирмите инволвирани во случајот, а за кое Обвинителството тврди дека Груевски е краен сопственик.

 

„Конкретно, кои беа разговорите и барањата на Груевски поврзани со земјиште во местото Шербетница?”, праша обвинителката Стефанова.

 

„Дискутиравме во однос на начинот на урбанизација, тогаш му објаснував за законските аспекти како може да се урбанизира едно земјиште, на пример, од аспект на големина на парцела, намена, начин и постапка, согласно Законот за парцелизација на земјиште, како едно земјиште може да се подели на повеќе градежни парцели… Неговите прашања и нашите одговори беа за законските процедури… Исто така, во тој период во фаза беше изготвување на ГУП и во таа пригода ме прашуваше за законските процедури за носење на ГУП итн. Таа дискусија беше околу процесот на урбанизација”,  рече Јанакиески. Тој објасни дека дискутирале и за делови на Водно кои се надвор од Генералниот урбанистички план, меѓу кои и конкретното земјиште, а се зборувало за тоа како некое земјиште може да биде дел од опфатот со ГУП.Дел од активностите на Комитетот за урбанизација, тој рече дека биле и посети на терен, па така при посета на таа локација во дискусијата било предложено тие 11. 000 квадратни метри да влезат во ГУП.„Разговаравте ли конкретно со Груевски на колку парцели може да се подели ова земјиште?”, праша Стефанова.

 

„Во делот за организација на земјиштето, дискусијата беше во насока како би можело да се урбанизира од делот на ДУП, во ГУП не може да се направи парцелизација. Неговите прашања беа за тоа колку градежни маркици може да бидат дел од тие 11 000, колку е минимумот за да биде една градежна парцела итн” додаде Јанакиески.  Обвинителката при крајот на испрашувањето праша и дали „бомбите“ што беа објавувани во 2015 година за земјиште на Водно може да ги поврзе со овие земјишта за кои сведочеше.

 

„Во 2015 г. од тоа што излезе во медиумите се присетив дека таа била локацијата што сме ја дискутирале. Но, во однос на сопственост и што се случувало, не знам, првпат слушав од медиумите и за таа формата ‘Сирах инженеринг’”, рече Јанакиески. Во случајот Груевски е првообвинет, а нему му се суди во отсуство за делата се  перење пари и противправно стекнување и прикривање имот.

 

На обвинителната клупа седат Сашо Мијалков (за помагање во перење пари), Јордан (Орце) Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ, кои се обвинети за перење пари.

 

 

„Плацови на Водно” Миле Јанакиески проектанти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.