По соопштението на ВМРО ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски ја искоментира одлуката на градоначалникот Андреј Жерновски да прави ревизија на проектот Скопје 2014. .
„Еден месец зборува дека ќе прави ревизија и се уште не ја спроведе. Би бил среќен што побрзо да ја направи за да се види дека нема ништо од сите обвинувања што доаѓаа од него и од целата опозиција“, рече Груевски запрашан од новинар како ќе ја коментира најавената ревизија.
„Очигледно си бара алиби дека во идниот период нешто ќе работи, а всушност тоа е алиби за неговото неработење и неправење конкретни дела за општината што се неопходни за граѓаните“, одговори Груевски за време на неговиот денешен престој во Дојран.