Брисел е целосно информиран за се што се случува во земјата. Ова го изјави премиерот Никола Груевски за, како што рече, обидите на СДСМ да прикаже дека ЕК нема да дознае ништо друго заради тоа што извештајот на ад хок комисијата е само со потписот на нејзиниот претседател Борче Давитковски.
„Евтина работа и манипулација на граѓаните е потегот на ВМРО-ДПМНЕ да стави потписи на Извештајот за 24 декември, а потоа за домашна употреба да се оградува од нив. Евро комесарот Штефан Филе прецизно соопшти дека го поздравува Извештајот усвоен со Консензус, поддржан од сите членови на Комисијата“, реагираа денеска на изјавата на Груевски од СДСМ.
СДСМ го повикува премиерот Груевски наместо да ја занимава јавноста со несериозни реакции, да почне суштински да ги реализира обврските од прво мартовскиот договор.
Последната порака од Брисел е дека последниот развој ќе биде земен предвид во Извештајот за прогресот на Македонија.




