Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: До Европскиот совет сега е дали ќе одобри почеток на преговорите

0
By Нова ТВ on December 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 9, 2013 14:43

Во рамки на дипломатската офанзива и проактивност во пресрет на Самитот на Европскиот совет, денеска во Брисел, првиот човек на Владата на Македонија, Никола Груевски, се сретна со Херман ван Ромпуј на кого му ги претстави напорите на Владата во однос на реформската агенда поврзана со Европската унија.

На средбата Ван Ромпуј покажал интерес за напорите и чекорите што ги прави Македонија во однос на евроинтеграциите, нагласувајќи дека за отворање на преговорите за членство е неопходна согласност од сите змеји-членки на Унијата, што значи дека ЕУ останува на ставот дека треба да се надмине спорот за името со Грција.

Во изјава за МИА, премиерот Груевски вели дека тој го запознал Претседателот на Европскиот совет со активните реформи и напорите за економски напредок со цел подобрување на стандардот на граѓаните во нашата земја.

– Средбата со Претседателот на Европскиот совет ја договоривме пред околу 10-15 дена и беше на наше барање. Ние сакавме да ги презентираме нашите аргументи во однос на нашиот напредок што го очекуваме во иднина. Зборувавме за реформите што ги правиме во земјата, за она што е постигнато, за проблемите со кои сме се соочувале во минатото и како истите ги решававме. Разговаравме и за оние проблеми што сега ги имаме. Се фокусирав во голем дел на многуте реформи што ги направивме, и во делот на економијата и во делот на судскиот систем и администрацијата, посебно најновиот закон што го имаме во овој дел, истакна Груевски.

Груевски ги образложил сите позначајни работи поврзани со Македонија со цел да му ја долови сликата на Ван Ромпуј за она што реално се случува во земјата.

– Да побарам негова понатамошна обврска во однос на нашите очекувања за во иднина и со надеж дека ќе се најде начин што побрзо да се надмине единствената пречка што ја имаме за следниот чекор што го очекуваме, а тоа е почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, додава Груевски.

Според Премиерот, тој со првиот човек на Европскиот совет размениле мислење околу сите позначајни факти поврзани со Македонија.

– Мислам дека господинот Ван Ромпуј директно од нас доби вистинска слика за она што се случува во Македонија оти кај секој политичар овде пристигнуваат различни информации од различни страни. Ценевме дека е добро да ја слушне нашата страна, да му ги презентираме нашите аргументи, тоа го направивме, како во делот на реформите, но и во сите други области што се значајни и за кои тој пројави интерес, додава Груевски.

Портпаролот на Ван Ромпуј, Дирк Де Бакер, во разговор со дописникот на МИА од Брисел, уште пред средбата, појасни дека челникот на Советот нема да даде никаква изјава за разговорите од средбата, ниту дека ЕС ќе излезе со соопштение за деталите од истата.

Инаку, по оваа средба во Советот, премиерот Груевски замина на работен ручек со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на кои се очекува да им ги објасни чекорите на Владата за зачленување во Унијата и да им испрати порака дека Македонија е целосно подготвена да ги почне пристпаните преговори повеќе од било-која друга земја-кандидат и дека тој процес е главна стратешка цел на Владата на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.