Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски го поздрави Извештајот, најави спроведување на реформите

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 16, 2013 19:43

Владата на Република Македонија го поздравува Извештајот на Kомисијата за остварениот напредок на земјата во 2013 година и обновената препорака до земјите-членки на Европската Унија за донесување одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија. Република Македонија се заблагодарува на Комисијата за континуираната силна поддршка во спроведувањето на реформите за интеграција во ЕУ, изјави премиерот на Македонија, Никола Груевски.

Обновената препорака претставува признание за остварените резултати во изминатата година, признание за сработеното од страна на институциите, администрацијата, сите политички и општествени чинители.

– Република Македонија останува целосно подготвена да премине во следната фаза од пристапниот процес. Се согласуваме со констатацијата на Комисијата дека почетокот на преговорите не само што ќе го забрза консолидирањето на реформите и ќе ја зајакне меѓуетничката кохезија, туку и ќе го зачува кредибилитетот на проширувањето на Унијата како мериторен процес базиран на цврста условеност, напомена Груевски.

Тој изрази очекување дека дека и земјите-членки во Советот на Европската Унија ќе се раководат од аргументите, од заедничкиот ЕУ интерес, и во декември оваа година ќе ја донесат одлуката за почеток на пристапни преговори со Македонија.

Според него, изнесените оценки, забелешки и препораки, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, што останува како приоритет за државата.

Во претстојниот период, Владата ќе продолжи со реформите и со испорака на конкретни резултати за натамошно унапредување на степенот на примена на ЕУ стандардите во македонското општество, а заради подобрување на животниот стандард на граѓаните, потенцираше Премиерот.

Тој напоменува дека посебно внимание ќе се посвети на продолжување на реформите во државната администрација, судството, борбата против корупцијата, состојбите во медиумската сфера, одржување на добри меѓу-етнички односи, зголемување на економскиот раст и вработеноста, натамошно ефикасно спроведување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, унапредување на хармонизацијата со европското законодавство и политики, зголемување на степенот на искористеност на ИПА.

– Односите со соседните земји-членки ни се особено важни. Сакаме да го изодиме патот до членството во Европската Унија во соработка со и активно користејќи ги нивните искуства, вели Груевски.

Според Груевски, Владата на Македонија смета дека од исклучителна важност е грчко-македонските односи да се развиваат низ призмата на заемно почитување, соработка, доверба, партнерство и уважување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.