Во тетовското село Вратница денеска е пуштен во употреба регионалниот пат Тетово – Јажинце. Станува збор за инвестиција вредна 150 милиони денари со која е извршена комплетна рехабилитација на коловозот и е поставен нов асфалтен слој во должина од 16, 5 километри и ширина 7,10 метри.
– Патот долги години беше во многу лоша состојба, со намалена безбедност на сообраќајот, а по него секојдневно се движат илјадници луѓе. Сигурен сум дека сега жителите на Џепчиште, Непроштено, Лешок, Јегуновце, Вратница,… ќе ги почувствуваат придобивките од реконструкцијата со која на регионалниот пат се овозможува безбедно одвивање на сообраќајот, се намалува времето на патување и се забрзува сообраќајната комуникација на Тетово со околните населени места и со Република Косово, рече премиерот Никола Груевски пред пуштањето во употреба.




