Покажавме голема грижа како да влеземе во НАТО и ЕУ, но од исклучителна важност е како ќе се реши името“, рече Груевски синоќа во Штип, според кој на Грција во прилог и оди финансиската криза и ја користи за да не се реши проблемот со името. Но тоа не значи, додаде тој, дека Македонија треба да ги распродаде своите национални вредности.
Груевски изјави дека се реализирале што ветиле:
-Останавме посветени на заложбата дека ќе водиме грижа за сите, да правиме закони и реформи независно дали за луѓето од здравството, социјалата, земјоделството, администрацијата или пензионерите. Ние не дадовме ветување дека пензиите ќе ги зголемиме, но кога видовме дека тоа може да се направи, го реализиравме.
Сега во буџетот за наредната година е предвидено покачување на пензиите за пет отсто, од март, планирани се повторно бесплатен превоз и бања за пензионерите. Од март наредната година ќе се зголеми за пет проценти и социјалната помош. Го користиме максимумот за да им помогнеме на овие лица.
Имавме акција за вработување 1.600 лица, првпат во историјата на Македонија, со што шанса за вработување добија социјалните случаи, невработените. Сега имаме оглас за 300 лица со хендикеп“, посочи Груевски.
Во отчетот додаде дека ќе растат и платите на администрацијата а најави дека ќе се градат автопати.




