Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и Мијатовиќ првпат тет-а-тет по конфликтната преписка

0
By Нова ТВ on February 11, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2014 11:15

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ е во посета на Скопје од 10-12 февруари, каде што одржува средби со претставници на Владата и медиумите за актуелните прашања за слобода на медиумите. Нејзин соговорник попладнево ќе биде и премиерот Никола Груевски.

Груевски и Мијатовиќ ќе се сретнат по првпат по преписката која ја имаа во август годинава, а e предизвикана од настаните поврзани со случајот Кежаровски.

Мијатовиќ во нејзиното писмо до Премиерот реагираше за притворот кој му беше одреден на новинарот Кежаровски и воедно побара да и биде одобрена посета.

„Затворање новинари за нивни текстови не е прифатливо за едно демократско општество. Ова е единствениот случај во регионот на Западен Балкан, новинар да е во затвор во очекување на судски процес. Јас сум загрижена и за неговото апсење и за прекумерно долгиот притвор, што има негативно влијание врз слободата на медиумите во вашата земја“, пишува во писмото до премиерот Груевски, Дуња Мијатовиќ.

Таа го цитира и Специјалниот известувач на ОН за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување Франк Ла Ру, кој порача дека мерките како што е неговиот продолжен притвор, служат само за заплашување на новинарите и длабоко ја повредуваат независноста на медиумите.

На нејзиното барање премиерот Груевски одговори:

Би сакал да истакнам дека е непримерно да барате и асистенција од мене, како претседател на Владата, да Ви се дозволи да го посетите г. Кежаровски во притвор. Посетата на притвореници е прецизно регулирана со Законот за кривична постапка, каде што таксативно е наведено кој може да посети притворено лице. Јас не би се осмелил да судам дали Вие имате право или не да го посетите, туку само би истакнал дека е потребно да се поклони верба во надлежните судии, кои се единствено овластени да одлучат на кого може да му се дозволи да направи посета и дека секоја интервенција на извршната власт би го поткопала уставниот поредок на земјата и би ги загрозила основните вредности на едно демократско општество, напиша Груевски во одговорот до Мијатовиќ.

Инаку Дуња Мијатовикќ како специјален претставик на ОБСЕ во минатото во повеќе наварти ја критикуваше владата за состојбата на слободата на медиумите.

„Ние остро реагираме кога има обиди законите да се искористат за да се замолчат критичките гласови и ставови. Се надеваме тоа нема да биде така во Македонија. Дека на крајот Македонија ке има закон кој ке биде пример и ке ја подобри ситуацијата,бидејки сега имаме проблем,неопходно е да се подобри слобода на изразување. Слободата треба да се стави во правна рамка,особено во услови кога постојано се појавуваат нови медиуми,но во секој случај,никако не треба да биде по цена на слободата на медиумите и на изразувањето“, препорача Мијатовиќ.

Воедно, во интервју за НОВА, минатата година во јуни, Мијатовиќ ја искажа загриженоста со состојбата на медиумите во Македонија како и за нејзината комуникација со македонските власти.

>> Мијатовиќ: Слободата на медиумите во Македонија се влошува

Мисијата на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите е да го надгледува развојот на медиумите на сите држави-членки на ОБСЕ, да бидат во координација и да ги промовираат целосно принципите и обврските во согласност со стандардите на ОБСЕ во областа на слобода на говор и слобода на медиумите.

Претставникот се концентрира на сериозноста на прекршување на слободата на медиуми и неповолни услови за работа на новинарите,во тој случај таа директно остварува контакт со државата членка и другите инволвирани страни, ги согледува фактите за да се донесе решение за проблемот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.