Published: Wednesday, February 12, 2014 11:21
Претседателот на Владата, Никола Груевски и Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска ќе учествуваат на состанокот на Северно – атлантскиот Совет на НАТО со Република Македонија што ќе се одржи во Брисел.
Со состанокот ќе претседава Генералниот Секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
Состанокот претставува можност да се разменат мислења со амбасадорите на земјите членки на НАТО за остварениот напредок во процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија во рамки на Акциониот план за членство, како и за политичко безбедносни прашања од заеднички интерес, во пресрет на Самитот на НАТО, што ќе се одржи од 4-5 септември, во Кардиф, Велика Британија.




