Published: Wednesday, January 15, 2014 13:55
Премиерот Никола Груевски на прашањето од новинарите за коментар за тендерскиот скандал со фирмата „Висарис“, во која како сопственик, а потоа како лице за контакт се јавува новинарката Ивона Талевска, изјави дека нема што да додаде.
-Во изминативе денови се распрашав за деталите во врска со ова прашање. Но, немам што да додадам повеќе од она што во јавноста веќе го изјави министерот за здравство, изјави Груевски.
Министерот Тодоров изјави дека тендерот е законски, но дека настанале извесни промени, кои „во најблага рака се по малку неетични“.




