Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Каква мизерија од луѓе

0
By Нова ТВ on April 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 25, 2015 16:22

Според премиерот Никола Груевски Борјан Јовановски сам си го испратил венецот кој во средата вечер беше испратен на неговата домашна адреса додека тој беше отсутен од Скопје и го нарече «мизерен». Груевски ова го изјави од митингот на ВМРО-ДПМНЕ денес во Охрид:

«Можам да кажам само една реченица. Така провидно и монструозно е тоа што самите си го направија, да човек може само да замисли на што уште се спремни овие луѓе. Па уште глумат демек лути се, па носат венец во владата, па Заев држи прес за медиумите, па завршува дека ќе имало венец на слободата и слично. И после ајде сите актери на частење, во Сорос по наградата. Каква мизерија од луѓе», рече тој.

Груевски уверува дека настанот во Гошинце е сериозен:

“Во него учествувала група учесници, чиј идентитет веќе е познат на нашите институции и за што е известена меѓународната заедница и институциите во Косово. Предизвици на овој план веројатно ќе продолжат, ова не смее да се става во дневно политички контекст”, рече тој.

Потоа додаде дека опозицијата несе “кукавички јајца” кога вели дека власта стои зад нападот во Гошинце: “Да ви кажам искрено ми се гади од таа антидржавна реторика и од целиот тој ланец на настани, што не е ни чудно што многумина ги потсетува со оној од 2001-вата. Но сакам да им порачам една работа на сите инволвирани, ова не е 2001-вата, институциите ќе делуваат решително и одлучно во рамки на своите надлежности, а потпалувачите од петата колона треба максимално одговорно да се постават во случајов, зашто ова веќе не е дневна политика и нивните глупости, напади, закани, клевети и однесувања за овој случај имаат еден друг контекст. Ова е сериозна работа и во прашање е државата. Изјавите на лидерот на опозицијата на неговата последна прес конференција во врска со овој настан ќе ги земам како израз на неговиот капацитет, но и неинформираност и ќе апелирам на воздржаност, ако воопшто е можна кај овие луѓе, затоа што воопшто не е наивна ова работа и без разлика на личните моменти, омразата која ја имаат, фрустрациите, комплексите кај опозицијата, за ова замолувам да се воздржат од шпекулации и да се надминат”, вели Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.