Премиерот Никола Груевски на вечерашната на прес конференција изјави дека е јасно зошто СДСМ ја отфрлиле нивната иницијатива, затоа што го немаат народот на своја страна, вели Груевски.
– Џабе играа оро, им даваме избори, а тие бегаат од нив како ѓавол од темјан, изјави Груевски. „Се Ви прифативме, и ваш член за претседател на комисијата, а Вие продолжувате да барате некои нејасни работи, имавме заеднички деловник за работа, и можевме да гласаме, ќе изгласавте извештај каков што Вие сакате“, вели премиерот.
Според Груевски, ВМРО ДПМНЕ ќе гласа и ќе потпише извештај каков што сака СДСМ, не со надгласување туку, вели, ќе гласаат заедно со нив. Премиерот вели за него и неговата партија важен е интересот на Македонија.
Претходно, заменик- претседателката на СДСМ Шеќеринска, на понудата на Груевски за избори изјави дека ДПМНЕ залудно го врзува извештајот на комисијата за 24 декември со предвремените парламентарни избори. И според неа, опозициската СДСМ со сите демократски средства ќе се спротивстави на криминални избори, за како што ги нарекоа изборите оваа пролет.




