Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски лови инвеститори во Романија

0
By Нова ТВ on November 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2013 17:39

Македонската владина делегација која престојува во посета на Романија, денеска во Букурешт, пред романски компании од автомобилскиот и градежниот сектор и од областа на туризмот, рударството и минералните суровини ги претстави можностите за инвестирање во Македонија.

Некои од нив ќе дојдат во посета на Македонија за да ги видат можностите за водење бизнис и да разговараат со надлежните институции, а планирано е да се одржат и презентации во Романија каде подетално ќе бидат претставени можностите што им се нудат на странските инвеститори.

– Станува збор за корисни средби и се надевам дека од дел од овие поединечни средби и разговорите што ги имав со стопанственици или генерални менаџери на овие крупни романски компании, подоцна ќе произлезе некоја инвестиција во Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со романските бизнисмени.

Премиерот Груевски се сретна и со македонските иселеници во Романија, а вечерва ќе оствари средба и со неговиот романски колега, Виктор Понта.

Утре, премиерот Груевски ќе присуствува и ќе се обрати на Самитот на шефови на влади од Кина и Источна и Централна Европа на кој е најавено присуство на премиери и високи политички претставници на 17 држави.

Минатата година ваков самит за првпат се одржа во Варшава, каде кинескиот премиер најави дека сакаат да инвестираат 10 милијарди долари во земјите од Централна и Источна Европа. Македонија со потпишувањето на договорот со кинеската компанија Синохирду за изградба на двете нови автопатски делници е меѓу првите земји од ЦЕИ што ќе искористи дел од овие средства.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.