Published: Sunday, June 14, 2015 20:31
Решение за бегалската криза во Македонија мора да постои, изјави премиерот Груевски кој најави дека мора да се најде начин како да им помогне на бегалците.
„Ние ќе излеземе во пресрет и со изменување на законите, но и со други чекори кои што Владата ќе ги превземе за да им помогне на овие луѓе. Во минатата недела две слушнавме многу стории, од различни делови, од домашни и странски медиуми. Половина од тоа ако е точно, тоа е нешто што не смее да продолжи и Владата мора да изнајде начин како да им помогне на бегалците, изјави премиерот Груевски.
Тој најави дека во понеделник на седница на Влада ќе бидат измените на Законот за азил, а ќе се разговара и за други начини како да им се помогне на бегалците




