– Не беше знак на револт или нешто лично. Напротив, јас ги почитувам заедничката држава и работата на Груевски како премиер, потенцирал Таулант Цапа, човекот кој го гаѓаше Груевски со јајца при посетата на македонска делегација во Тирана, на „прошталната“ средба со Премиерот на Македонија, кому му се извинил за инцидентот, а овој му простил, пренесуваат македонските медиуми.
Премиерот денеска во кабинетот на Владата остварил кратка средба со Цапа.
„ Можноста да се сретнам со премиерот за мене е потврда за позитивните политики и определбата за заеднички соживот и меѓусебно почитување, главните двигатели на функционирањето на државата“, изјавил Цапа по средбата.
За него сепак немало распишана потерница затоа што делото за кое го товареше судот во Тирана а кое се води напад на странски официјален претставник не е сторено на територија на Македонија.
Разговорот помеѓу Премиерот и Цапа се одвивал во пријателска атмосфера. Груевски на крајот од средбата му посакал успех и среќа во животот.




