Пред пристигнувањето во Скопје, министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле вчера попладне, телефонски разговарал со премиерот Никола Груевски.

– Груевски изразувајќи голема благодарност за поддршката која Германија и ја дава на земјава во повеќе сфери, а посебно во европските и евроатлантски интеграции и во реформскиот процес кој го спроведуваме, ја истакна и својата подготвеност да продолжи со остварувањето на нашите стратешки определби, и оддржувањето стабилна реформска агенда на државата на принципиелни основи, информира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој објасни дека премиерот Груевски е во постојана комуникација и со германската колешка, канцеларката Ангела Меркел која, како и Вестервеле е голем поддржувач на Македонија.

– Во договор со кабинетот на Вестервеле се истакна меѓусебната подготвеност таа соработка да продолжи и да се продлабочи, а тие да остварат средба во првата следна прилика во период, кој одговара на двајцата и ќе биде во функција на засилување на меѓусебната соработка и поддршка, вели Ѓорѓиев.