Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: на Грција и недостасува европски шмек

0
By Светлана Јовановска on December 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат четири причини зошто ЕУ не треба повеќе да чека и да го одлага почетокот на преговорите за членство на Македонија: таа треба да биде катализатор на спорот за името, да ја почитува пресудата од Судот на правдата во Хаг, да покаже почит кон нашите реформи и економскиот успех на земјата.

Ова се поентите на премиерот Никола Груевски кој тој ги изнесе синоќа во Брисел на конференцијата во Фондацијата Конрад Аденауер откако во текот на денот вчера беше на разговор кај претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпеј каде што освен односите со Грција и Бугарија станало збор и за 24 декември минатата година и настаните во Собранието. Според Груевски ситуацијата во Собранието е нормализирана. Тој се надева дека истражната комисија ќе ја заврши работата и дека донесувањето на новиот буџет ќе се одвива нормално. “Нема да ги има настаните од минатата година”, рече Груевски.

Средбата кај Ван Ромпеј дојде на само неколку дена пред самитот на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и извештајот на Европската комисија (ЕК) за балканските земји. Оттука и прашањето на НОВА за тоа дали Ван Ромпеј покажал намера да и помогне на Македонија да стаса до преговори со ЕУ и да го реши спорот со Атина.

Според премиерот, првиот човек на ЕУ би сакал да може да го реши проблемот но тој има ограничени можности во тој домен. “Доколку овој проблем беше во негови раце побрзо ќе стасавме до преговори”, рече Груевски.

Груевски смета дека во Грција недостасува “европски шмек” во нејзиното оденесување со Македонија која одбива директен дијалог со нашата земја. “Ние бараме јасна визија од Брисел”, рече Груевски. Тој е уверен дека и ние и Грција сме во неудобна позиција. Затоа што Македонија исполни доволен степен на критериумите од Копенхаген но сепак не доаѓаме до консензусот што води до преговори. Грција е постојано во опозиција има различни оправдувања како територијални барања, идентитетот, недостиг на добра волја кои и недостасуваат на Македонија, вели Груевски.

Тој исто така смета дека постои за Грција законска обврска за почитување на одлуката на судот од Хаг каде што Македонија го доби спорот. “Тоа ја оправдува нашата позиција и соседот нема право да блокира”, вели премиерот. И ЕУ, според Груевски, не ја почитува пресудата од Хаг. “Се прашувам зошто имаме пресуда кога никој не ја почитува”, се запраша премиерот.

Со доза жалење Груевски кажа дека со поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, во текот на повеќето средби што ги имаа, биле најдени решенија за повеќе точки. “Не најдовме решение за се но за некои точки да но потоа дојде нова влада со која немаме таква комуникација”, вели шефот на владата.

НОВА го запраша исто така премиерот дали наскоро има намера да ја открие сумата за владиното рекламирање во медиумите. Груевски одговори дека медиумите не биле тема на неговиот разговор во Ван Ромпеј во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.