Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски на средба со Петерле:Членството во ЕУ стратешка определба на Македонија

0
By Нова ТВ on May 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 29, 2015 15:55

Премиерот Никола Груевски, оствари средба со ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на  Република Македонија и Европската Унија, Алојз Петерле.

Како што соопштуваат од владината прес – служба, на средбата соговорниците разговарале за интеграциските процеси на Република Македонија, реформите кои се реализираат во повеќе општествени сфери и исполнувањето на мерките согласно планот за напредок и членство на државата во Европската Унија и НАТО, како темелна определба на Република Македонија.

„Премиерот Груевски подвлече дека за Владата членството во Европската Унија претставува значајна стратешка определба за што интензивно се работи во реализацијата на понатамошни реформи кои ќе овозможат напредок. Тој истакна дека мерките кои се преземаат во економијата, креирањето на поволна бизнис клима, стимулирањето на инвестициската активност, се со цел да се помогне на стандардот на граѓаните во насока на негово зголемување, внесување на стабилност и сигурност кај граѓаните.

Премиерот Груевски посочи дека паралелно се преземаат мерки во повеќе општествени области чија цел е исполнување на зацртаните критериуми, подобрување на квалитетот на работата и овозможување на напредок во различните полиња, за што е потребно откочување на процесот и напредок во интеграциските процеси на државата.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во државата, при што премиерот Груевски ја истакна важноста и се заблагодари на активната поддршка и иницијативност, и на Мешовитиот парламентарен комитет и на Европската Унија за надминување на политичката криза.

Соговорниците разговараа и за надворешно политичките односи важни во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакна значајноста на регионалната  соработка на повеќе нивоа, како и определбата на државата за градење на добрососедска политика.“ соопштуваат од владиниот кабинет.

Освен со Груевски, Петерле денеска се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според соопштението на ДУИ, Ахмети ја повикал Европската Унија и земјите членки на Унијата заедно со САД да се вклучат активно и директно за да помогнат во решавањето на политичката криза во Македонија која ќе биде од корист на земјата, регионот и Евроатлантската заедница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.