Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски на Виенскиот форум: Имаме најниски трошоци во Европа за правење бизнис

0
By Нова ТВ on November 24, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Груевски кој денеска присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум, во својот говор ги соопшти чекорите кои Македонија ги презема на полето на економијата и резултатите од нив.

„Земјата има добар економски прогрес, лани завршивме со трет најдобар раст на БДП во Европа. Во првите 6 месеци од 2014 година имаме втор најголем раст од 4.1% на БДП. Фокусирани сме на макроекономската стабилност, државниот долг е ниско умерен и изнесува околу 40%. Фокусирани сме и кон капиталните инвестиции во инфраструктурата. Во моментот градиме три автопати и пруга кон Бугарија и она што е значајно за инвеститорите, покрај ангажираната работна сила која Македонија ја поседува, е тоа што имаме најниски трошоци за правење на бизнис во Европа”, изјави Груевски.

На овогодинешниот настан, покрај Груевски, присуствуваат и претседателот на Австрија Хајнц Фишер, австрискиот премиер Вернер Фајман, албанскиот премиер Еди Рама, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти и поголем број на други значајни лица од други европски земји или мултилатерални организации.

Албанскиот премиер Еди Рама во своето излагање ги истакна залагањата кои што ги имаат сите земји од Западниот Балкан за остварување на економски реформи.

„Практично во секоја земја има строга посветеност и големи напори за реформи, и како резултат на реформите и промените и како резултат на владиниот пристап кон подобрување на бизнис климата Албанија направи значителен скок во рок од една година на листата на Дуинг Бизнис од 40 места, а историските податоци покажуваат дека и Македонија постигнува значаен напредок на листата на Дуинг Бизнис”, истакна албанскиот премиер Еди Рама.

На отворањето на Виенскиот економски форум австрискиот претседател Хајнц Фишер ја истакна посветеноста на Република Австрија за овозможување на поддршка за економската и политичката интеграција на регионот на Југоисточна Европа во Европската Унија.

Обраќање на форумот имаше и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ кој што истакна дека заложбите кои ги преземаат земјите од Западен Балкан за овозможување на напредок треба да бидат поддржани од страна на Европската Унија.

„Важно е Европската Унија да креира една поширока инвестициска рамка од онаа која што е постоечка и која што ќе помогне да се развие интегративната иднина на Западниот Балкан во Европската Унија”, истакна црногорскиот Премиер.

Во текот на денот, македонскиот Премиер ќе учествува на состанокот на Централно – европската иницијатива каде што Република Македонија ќе го преземе претседавањето со иницијативата за 2015 година од досегашниот претседавач Австрија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.