Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион.
Тој посочил дека зголемувањето е програмирано во Буџетот. Се уште нема одлука за начинот на зголемување, но најверојатно, според него, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија.
– Речиси секоја година вршиме зголемување на пензиите. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти, изјавил Груевски.