Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски не може да излезе од државата ниту со лична карта

0
By Нова ТВ on July 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 25, 2017 09:41

Апелација ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу кои за врвот на опозициската партија Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Во образложението на одлуката за Груевски пишува дека со оглед на фактот што на обвинетиот му е одземена патната исправа и службениот пасош и мора секој петок да се јавува ву судот, се елиминира опаноста од бегство. Дополнително, пишуваат судиите во одлуката, податоците за оваа мерка на претпазливост се внесуваат во комјутерската евиденција на МВР, поради што и со лична карта, обвинетиот не може да оствари излез од државата.

-Паричните средства кои ги поседува обвинетиот на што укажува Обвинителството како можност за бегство за обвинетиот надвор од државата, овој суд цени дека не можат да се земат изолирано, туку во склоп со личните и семејните прилики на обвинетиот, пишува во одлуката.

Според судиите, можноста Груевски да влијае врз сведоци е апстрактна и непоткрепена, а според Апелација “не е доволно само да се истакне апстрактна можност за влијание, туку потребно е да се наведат особено конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на оваа опасност, како што образлага и првостепениот суд“.

Во петокот на јавна седница обвинетите си ги побараа назад одземените пасоши и ветија дека нема да бегаат. Тие се жалат дека судот им определил престрога мерка. Ги оценија обвиненијата на СЈО  како „празни“ и тврдат дека ова обвинителство прави политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот „Титаник“  СЈО гони поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности: вметнување лица во Избирачкиот список, издавање лични карти и пасоши за гласање на лица кои не живеат на територија на земјава, а кои добивале адреси, заплашувања на гласачи…

-Целата акција се реализирала преку МВР заедно со лица ангажирани да врбуваат лица, да носат од странство и да преку насилство пред и за време на изборна кампања за влијаат врз нивното гласање. Припадниците на злосторничкото здружување нуделе подароци, со намера да придобијат гласачи,а освен тоа и незаконски ја финансирале изборната кампања на партијата, објаснија обвинителите од СЈО на прес конференцијата во февруари лани, кои случајот го нарекоа изборна измама за опстојување на власт.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.