„Бранко Црвенковски ги лаже луѓето околу него дека ќе дошле од меѓународната заедница и ќе не убедувале да приfатиме договор за предвремени парламентарни избори.

– Му порачувам да не си ги лаже луѓето – договoр за предвремени избори со Бранко нема да има, ни утре, ни задутре, ни во сабота, ни потоа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски синоќа во Прилеп.

Груевски порача дека ако сака Црвенковски да излезе на мегдан со ВМРО-ДПМНЕ, има можност на 24 март да излезе со свои кандидати.

– Ако можат нека подготват некоја програма, па да видиме народот на кого ќе му ја даде поддршката. Нека не се кријат, да не бегаат од народот кој знае дека ова беше исценирано само од Бранко Црвенковски, на штета на СДСМ, нагласи премиерот.

Го обвини Црвенковски дека направи инцидент при донесување на Буџетот за да ги избегне изборите зашто е свесен дека ќе ги загуби.

– Свесно сака да предизвика хаос за да изнуди предвремени избори. Но овојпат сакаме да му покажеме дека не може кога ќе му падне на памет да ја дестабилизира државата, да ги уценува државата и луѓето. Заврши неговото време на манипулации.

– Овој пат ќе му покажеме дека без разлика дали ќе излезе на избори, народот на 24 март масовно ќе излезе и ќе го даде својот глас за кандидатите кои ги избрал, рече Груевски.