Премиерот Никола Груевски рече дека институциите во Македонија знаат која е странската служба од кои, според него, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги добил материјалите.
Одговарајќи на новинарски прашања, за тоа, доколку тезата за странски служби е точна, зошто ниеден странски амбасадор не е протеран од земјава, Груевски рече дека по завршувањето на судската постапка ќе се донесе одлука дали нешто треба да се преземе.
Тој за овој случај со прислушувањето вели потребна е правна, институционална и политичка развршница.
На прашање дали ќе прифати странски посредници за решавање на политичката криза, Груевски одговори дека за него бил добредојден секој кој и посакува добро на Македонија, а пред новинарите и децидно потврди дека нема да има предвремени избори.
Прашан од новинарите за тоа дали со ова е пробиен безбедносниот систем на државата, Груевски рече дека со вакви случаи се соочуваат и најмоќните земји, а она што било важно е дека сторителите биле фатени.




