Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Одбивањето за изземање значи дека ова е политички процес

0
By Нова ТВ on April 10, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше денеска поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.

– За иста работа во четвртокот една одлука, денеска во вторник, друга одлука. Во четвртокот се процесираше, денеска се одби. Тоа покажува дека не станува збор за правен, туку за политички процес, рече Груевски.

Потенцираше дека против денешното одбивање на барањето, одбраната нема право на жалба и дека со тоа се потврдува дека станува збор за политички прогон. Нагласи дека мината недела, оваа и следната недела секој ден ќе биде повикуван на рочишта, што и според него, е во директна спротивност со начелата на судот во Стразбур за да не се даде можност за подготовка на одбраната. Груевски рече дека со ова се оневозможува и неговата работа во Парламентот за да не може да биде политички активен.

Апелацискиот суд денеска го одби барањето на адвокатите на дел од обвинетите во случајот „Тенк“ за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет кој постапува по предметот.

По ова одбраната побара да и биде даден рок за жалба, но судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не било предвидено.

Адвокатите повторно побараа изземање на Судечкиот совет обвинувајќи го за пристрасност. СЈО, пак, предложи доколку сите бранители се согласни дека треба да има изземање, тоа да биде направено веднаш и да не се одолговлекува. Адвокатите на обвинетите укажаа дека секој од нив поединечно има право да поднесе барање за изземање.

Адвокатите на Груевски побараа изземање и на судечкиот совет за случајот „ТНТ“. За ова барање треба да одлучи Врховниот суд.

Во случајот „Тенк„ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи  Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес.

Груевски изземање тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.