Македонската дипломатија работи забрзано според налогот на владата да обезбеди средба на премиерот Груевски со рускиот претседател Владимир Путин како и со премиерот на Руската федерација Дмитри Медведев, што е можно поскоро но најдоцна во март пред одржување на претседателските избори.
Како што дознава НОВА од дипломатски извори официјална Москва е согласна да се организира оваа официјална посета на премиерот Груевски но засега не може да одговори дали истата ќе се случи во тајмингот кој го посакува македонскиот премиер.
Според досегашниот тек на подготовките на оваа средба постојат мали шанси Груевски со Путин и Медведев да се сретне кон крајот на март со образложение дека работните агенди на двајцата највисоки руски државници се преоптеретени.




