Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во својот говор денеска пред Унијата на млади сили на партијата обвини дека СДСМ работеле во насока на пропаст на договорот од 2 јуни.
– Ќе чекаме уште едни избори, тоа ќе биде патот кон зрела Македонија. Не е во прашање Заев или Груевски, туку валкана игра која ја создава СДСМ и така со интриги, а не со работа, да ја освојат власта. Тие ќе направат се за да пропадне договорот од 2 јуни, рече Груевски и посочи дека тој и неговите сопартијци ќе продолжеле да работат по препораките од ЕУ.
– Тој (Заев) ќе бара и нелогични избори, а всушност бара спас иако знае дека ќе замине од политиката поразен. Истото ги чека и тие што се врткаат околу него. Но, Македонија ќе продолжи да се бори за подобар стандард, подобри меѓуетнички односи, борба против криминалот и корупцијата и подобра иднина.
Груевски, исто така, го повикува лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев да распише предвремени избори за градоначалник поради, како што вели, контроверзната снимка во која тој бара мито.




