Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски сечеше лента за 30 милионскиот нов Уставен суд

0
By Нова ТВ on September 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 8, 2013 17:27

На денешното свечено пуштање во употреба на употреба на новата зграда на Уставниот суд на Република Македонија и Државниот архив на Република Македонија присустуваше целиот државен врв. Претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и
Претседателот на парламентот Трајко Вељановски заедно со претседателот на Уставниот суд Бранко Наумовски и директорот на Архивот Зоран Тодоровски, но и пратеници и други функционери задоволно шетаа низ просториите на новата зграда пред камерите и фотоапаратите.

И црвената лента државниот врв ја пресече заеднички. Во последните две години стана пракса на прославата на Денот на независноста на Македонија да се пуштаат во употреба објектите кои се дел од проектот Скопје 2014.

Во својот говор премиерот Никола Груевски повторно потсети дека и оваа зграда ќе им заштедела пари на институциите за кирии.

– Покрај недостатокот на простор, карактеристично за овие две институции беше и плаќањето висока кирија, која се плаќаше од буџетот. Несоодветните услови и опременост на институциите беа главната причина во 2009 година да се започне со изградба на нов објект. Крајната цел што сакавме да ја постигнеме беше задоволување на инфраструктурните услови на уставните судии, судската и државната администрација и секако долгорочна заштеда во буџетот заради плаќањето на кириите за просториите кои се под наем, нагласи Груевски.


Особено сум горд, рече премиерот, што денеска присуствуваме на пуштањето во употреба на овие две институции.

– Пред нас е еден капитален проект третиран во историски стил и раскошна архитектура. Вистински институции во репрезентативен објект, рече Груевски

Огласот за новиот објект беше распишан во 2008 година. Службата за општи и заеднички работи склучи договор со градежната фирма „Гранит“ во вредност од 25 милони евра или 1.526.039.299 денари. Но, цената порасна за речиси 5 милиони евра со дополнителни анекс договори, како и парите потрошени на проектантски надзор. Од нив, 2.4 милиони евра чинеше анекс договорот за ентериерно уредување, а 2.2 милиони евра се потрошија за дополнителни и непредвидени работи. Речиси половина милион евра чинат и релјефните композиции во Уставниот суд. Следеше и нов договор со нови половина милион евра, овој пат за купување мебел и за просториите за Уставниот суд и за просториите за Министерството за надворешни работи.

Со тоа цената достигна 30 милиони евра, без да се вклучат парите за осветлување од кои тешко е да се пресмета колку самостојно троши само овој објект бидејќи договорот беше распишат за илуминација на сите нови објекти од тој потег по кејот кое буџетот го чинеше околу 90 илјади евра.

Забелешка: Сите фотографии се превзмени од државна новинска агенција МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.