– Проектот „Скопје 2014“ ја крена главата на Македонците во Македонија, покажа многу работи поврзани со идентитетот на оваа нација и овој народ.

– „Скопје 2014“ станува, и ќе стане „Македонија 2017“. Докажавме дека она што ќе го ветиме и ќе го изградиме и тоа е видливо.

– Така ќе продолжиме и секој град во Македонија ќе се урбанизира ќе добие централен градски лик, објект, булевари, плоштади, нашата нова програма е ветување за цела Македонија како за Скопје, рече претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за општина Центар, Владимир Тодоровиќ