Published: Thursday, December 3, 2015 12:11
Никола Груевски, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска ќе бидат ќе бидат првите сведоци пред Анкетната комисија за прислушувањето.
Ова денеска го соопшти Антонио Милошоски, член на Комисијата од ВМРО- ДПМНЕ, пред почетокот на седницата на Комисијата, на која партиите треба да предложат по тројца сведоци или експерти.
Тој истакна дека ќе побара, седницата на која тие ќе ги даваат своите искази, да биде затворена за јавноста, заради тоа што, како што рече, ќе бидат споделени доверливи информации.
Во тек е расправа на Комисијата на која се присутни сите членови.




