Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Во 2014 поголеми пензии, плати и социјална помош

0
By Нова ТВ on September 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2013 15:59

Владата во буџетoт за наредната, 2014 година предвидува зголемување на пензиите и на надоместот за социјална помош за 5 отсто од март и на платите во јавниот сектор за пет отсто од октомври, најави денеска премиерот Никола Груевски, во обраќањето пред бизнис заедницата.

Се планира и зголемување на додатокот за самохрани родители кои имаат деца со пречки во развојот за 50 проценти од јануари, а се воведуваат и додатоци за мобилност за квадриплегичарите (целосно неподвижни лица) во износ од 7.000 месечно и за целосно глувонеми лица од 4.000 денари месечно.

Подготовката на буџетот, како што рече, е во завршна фаза, за кој основните проекции се пораст на БДП од 3,2 отсто, инфлација од 3,3, отсто и дефицит од 3,5 отсто од БДП. Владата и во следниот перод ќе продолжи со спроведување дисциплинирана фискалана политика, што ќе резултира со одржување ниско ниво на јавен долг којшто во јули 2013 година изнесува 33,6 отсто од БДП и е четврт најнизок државен долг во ЕУ.

– Ќе продoлжиме со политиката на зголемување на капиталните инвестиции за реализација на крупни капитални инфраструктурни објекти, истакна Груевски.

Премиерот информира дека Владата пред неколку дена добила информација оти Ексим банката на Народна Република Кина и Министерството за трговија одобриле заем за изградба на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип од 50 километри со преференцијална камата од 2 отсто, како и дека е во завршна фаза на одобрување заемот за автопатот од Кичево до Охрид и Струга од 57 километри под истите поволни услови што ни беа образложени.

Заемот ќе го земе Агенцијата за патишта со рок на отплата од 20 години, од кои 5 години грејс период. Се очекува патиштата да почнат да се градат 3 до 4 месеци по одобрување од македонското Собрание. Износот на инвестциијата во овие два автопати ќе изнесува 574 милиони евра без ДДВ, а рокот за изградба е три години од почетокот на градба.

Според Груевски, за патот од Куманово до Крива Паланка кој е со вредност од 400 милиони евра и е проценет со најмала фреквентност со возила од сите патишта, засега се планира самореконструкција и проширување за што ќе се изготви проект следната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.