Премиерот Никола Гревски одгoворајќи на новинарско прашања случајот „Висарис“ денеска рече дека е се кажано и нема што да додаде во врска со тоа.
Тој рече дека нема ништо ново и околу претстојниот избор за претседател на државата и за разговори со коалицискиот партнер ДУИ во оваа насока со кој, кaко што нагласи, контактира постојано.
Груевски истакна дека закон за стечајците ќе ги реши заостанатите стечајни постапки од 1986 до 2011 година – вкупно 320 компании, меѓу кои ТИПО, „Маврово“, делови од „Железара“, МЗТ, „Центро“, „Порцеланка“, Кожарски комбинат „Куманово“, повеќе земјоделско индустриски комбинати, но и случаи како „Фиком“, „Самарија“…
– Со новиот Закон очекуваме овие постапки да бидат завршени најдоцна за една година. Новиот закон е работен по дански модел, вчера беше усвоен во Собранието и деновиве ќе излезе во „Службен весник“. Со него ќе бидат решени сите стечаи, најкомплицираните од минатото. Не само што излегуваме во пресрет на огромен број работници кои останаа без работа од фирми со доминантна државна сопственост, туку и сакаме да го затвориме прашањето со старите стечаи што се провлекуваат со децении, нагласи Груевски.




