Published: Saturday, August 31, 2013 15:29
Премиерот Никола Груевски, коментирајќи ја изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека ќе оди на избори само со прочистен избирачки список, остана на ставот дека проблемот не е воопшто до списоците.
-Проблемот не е до избирачкиот список, зашто со него Зоран Заев победи во Струмица на локалните избори. СДСМ ескивира избори инаку зошто не ги прифати викендот кога им беа понудени на тацна.
Груевски додаде дека може да прифатат и други барања на опозициската партија и промена на изборното законодавство, но дека таа секогаш ќе наоѓа начини да избегнува избори.




