Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Зарем не е навреда да ја наречеме Грција – ФОПОК?

0
By Нова ТВ on October 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 18, 2013 11:04

ВМРО-ДПМНЕ е политичко движење кое испорачува дела за сите граѓани, ние сме Влада која ги решава проблемите за сите категории граѓани и ќе продолжиме да работиме, не со исто, туку со посилно темпо, посочи премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски на отворена трибина што синоќа се одржа во Битола.

– Пред да дојде на власт оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ не се сеќавам дека некогаш имало намалување на цените на лековите, не се сеќавам дека имало зголемување на пензиите, иако и претходно не беше лесен животот, а не беше лесно ниту за буџетот, но зголемување на пензии немаше, имаше само едно намалување од 8 отсто кога велеа дека бродот ќе потоне. Поминавме низ светска економска криза и европска должничка криза која во Европа се уште трае. Сепак успеавме бројот на нововработени да го зголемиме за 112.000 лица. Тоа не се случи случајно, туку затоа што се создадоа услови и им се пружи рака на стопанството, на компаниите со кои станавме партнер кој им помага и затоа нивниот успех го чувствуваме како наш успех бидејќи има нови вработувања, истакна Груевски.

Со посилно темпо, нагласи претседателот на Владата на Република Македонија, работиме на поддршка на македонската економија со цел отворање нови работни места.
Пред членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, на трибината лидерот на партијата ги издвои разликите во начинот на практикување на власт и работење во државните институции, споредно со власта на СДСМ.

– Постојат многу работи по кои нашето работење се разликува од работењето на СДСМ. Во изминатите години на дело покажавме што значи да се внимава на сопственото работење. Првпат во Македонија токму оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ воведе пракса за преиспитување на мандатите во текот на мандатот на избраните функционери. Тоа е проектот „Нов бран“ со кој минатата година 150 позиции беа заменети со други лица.

Оваа година ќе бидат заменети и други лица кои што дале свој придонес, кои помогнале, но во последниов период покажале замор или друга потреба за да бидат заменети со нови лица кои ќе работаат со нова енергија и ентузијазам, појасни Груевски заблагодарувајќи им се на досегашните лица за нивниот придонес и најави дека за нивните позиции може да конкурира секој што се чувствува стручен, способен и квалитетен за тие места.

Владејачката партија, истакна на трибината во Битола премиерот Груевски, со конкретни мерки и активности покажа конкретна волја и решеност за вистинска борба против криминалот и корупцијата. Покажа, подвлече, сериозна неселективност во борбата против криминалот и корупцијата.

– На дело покажавме дека имаме нулта-толеранција кон корупцијата. Криминалот и корупцијата немаат партиска припадност, ниту боја и тие може секаде да се најдат, но властите во државите се разликуваат по тоа која колку се бори со тоа. Н

еодамна заради осомничен во еден криминал, опозицијата СДСМ крена голема галама затоа што еден нејзин припадник се наоѓа меѓу 20-те луѓе, а меѓу нив е и личност која 6 години од 7, колку што сме на власт беше директор на УЈП во Скопје.

СДСМ во ниту еден момент не праша зошто таа личност е притворена, зошто другите се притворени, единствено се фокусираа зошто еден припадник на СДСМ добил притвор. Тоа е една матрица, тоа јато на СДСМ смета дека треба да бидат недопирливи и дека законот со нив не треба да се занимава. Може да се притвораат само припадници на ВМРО-ДПМНЕ, од други партии или непартиски лица, но ако дојде ситуација да се притвори човек на СДСМ тогаш се крева таква галама, па дури се прави и меѓународна штета на државата, подвлече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Тој упати порака дека помина времето во Македонија кога некој можеше да се заштити под чадорот на партиска припадност.

– Тој што сака да се занимава со криминал треба да знае дека ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту некоја друга партија- нема да го спаси, посочи премиерот Груевски.

Осврнувајќи се на меѓународната позиција на Република Македонија, премиерот Груевски на синоќешната трибина во Битола уште еднаш ги потврди евроатлантските аспирации на државата кои континуирано се попречени од Република Грција.

– Нашиот јужен сосед се уште верува дека проблемот може да го реши со блокади, со уцени и со навреди. Зошто навреди!? Тие до ден денеска не нарекуваат ФИРОМ, дури не велат Поранешна југословенска Република Македонија,туку ФИРОМ – една кованица која не треба да ја употребуваат по ниту еден стандард. Тоа е исто како ние да ги нарекуваме ФОПОК –Former Ottoman Province of Greece-FOPOK. Колку би се навредиле ако така би ги нарекувале? Но, тие знаат дека на ваков начин проблемот не се решава, на ваков начин само се оддалечуваме. Очигледно е дека во овој момент тие немаат политичка волја да го решиме прашањето и затоа наметнуваат вакви работи. Нивниот вокабулар е се поостар и не се подготвени за компромис, а ние сме свесни дека ова прашање може да се реши само со компромис и ние сме подготвени за тоа. Но, не е компромис она што со години, децении и со векови нашите претци се бореле за да го достигнат, ги давале своите животи или гниеле по затвори сега да го уништиме. Не може некој од нас да бара она што сме со векови, сега да не сме, и да се самоизбришеме. Ние сме биле и ќе останеме Македонци со Македонски јазик во оваа држава Република Македонија, истакна македонскиот премиер Никола Груевски.

На синоќешната средба со битолчани, презентација на постигнатите резултати со посебен акцент на вложувањата и плановите за директна поддршка на развојот на општина Битола имаа министрите Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, Никола Тодоров и Спиро Ристовски, кои заедно со членовите на владиниот тим како и првите луѓе на повеќе јавни национални институции и од локалната самоуправа, одговараа на директни прашања од присутните на трибината што ја организираше ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.