Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски:Нема политички затвореници во Македонија

0
By Нова ТВ on December 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 29, 2013 09:51

Во Македонија нема политички затвореници, а тие за кои опозицијата тврди дека се политички затвореници се докажани со аргументи и факти изјави премиерот Никола Груевски во синоќешното интервју на МТВ.

-.Судот ги разгледал во една, друга, трета инстанца и го потврдил тоа. Тоа што некој сака да ги прикажува како жртви и како политички затвореници, тоа е дел од политичката манипулација на дневна основа“,рече Груевски Тој додаде дека му е жал што еден новинар од Македонија е во притвор и дека тоа надвор поинаку се перцепира бидејќи таму никој не навлегува во суштината на оваа ситуација.

-Тој е обвинет за ситуација кога се објавува идентитет на заштитен сведок,според Закон кој е донесен во време на СДСМ. Тој е осуден на минимална казна, а за тоа што е вистина ќе одлучи судот. Жал ми е што човекот е во таква ситуација, за нас тоа е непријатно, но не можеме да избегаме од реалноста, изјави Груевски за апсењето на новинарот Томислав Кежаровски.

Што се донесува до можноста за предвремени парламентарни избори Груевски одговори:

-Нема ситуација поради која посакувам предвремени парламентарни избори, но ако некоја ситуација не доведе до тоа, или се инстистира, ние сме спремни. Не го потврдувам или отфрлам моментот дека чувствувам потреба за такво нешто, рече премиерот Груевски.

Прашан за лидерот на СДСМ, Зоран Заев и за негативната кампања против него, премиерот вели дека Заев плаќал на некои невладини организации, а фирми на негови фирми добивале тендери и дека тоа било реалност, а не негативна кампања, а токму негативна кампања било ако некој измислува за нешто.

-Тој и неговите најблиски во СДСМ може да ветуваат што сакаат, но народот знае да одбере. Народот сака реалност, а не ветување брда и долини, изјави Груевски.

Тој го пофали претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов дека одговорно си ја врши работата и најави дека за кандидат за претседателските избори ќе се разговара внатре во партијата и дека не ја почнуваат дебатата за тоа пред време.

-Тие што губат почнуваат пред време. Опозицијата која е во понезавидна позиција од нашата се чудам зошто не го промовира својот кандидат, вели Груевски.

Во однос на спорот со името Груевски рече дека не може да лицитира или да витка грб со разни предлози за решение на спорот со името.

-Ќе ни се смеат луѓето. Ако нешто сериозно понуди медијаторот Метју Нимиц, тој предлог ќе го понудиме тоа на референдум, а за тоа ќе одлучи мнозинството од народот на државава. Среќен сум што и опозицијата најави дека за спорот со името ќе предложеле за тоа прашање да се одлучува на референдум. До вчера велеа едно, денес друго. Многу се брзоплети, носат брзи одлуки. Тоа не ми се допаѓа. Тие сакаат да го решат проблемот, а после да го смируваат проблемот. Спорот со Бугарија, проблемот е политички кој доаѓа од нивна страна. За една бракоразводна парница се направи национален проблем. Од ситни мали работи и некои манипулации настана ситуација. Мислам дека наскоро проблемот ќе се реши, одговори Никола Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.