Работната група нема да се занимава со правните квалификации, туку со препораките за кои се постигна согласност во рамки на ад-хок Комисијата, истакна денеска премиерот Никола Груевски.
„И јас во моето излагање кажав дека правните квалификации се нешто што не го признаваме и немаме согласност, додека за препораките и заклучоците имаме заедничка согласност.
– И тука не би требало да има некои проблеми во комисијата, освен ако некој не сака да направи проблем“, вели премиерот.
Премиерот Никола Груевски смета дека нема никаква контрадикторност во тоа што Илија Димовски е назначен за претседател на работната група која треба да ги спроведе препораките за инцидентите од 24 декември, а во извештајот на ад-хок Комисијата се откажал од правните квалификации.




