Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски:Тендерите на Заев налик на октоподот на Црвенковски

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 15:11

Случаите со тендерите во Струмица што ги добивале членови на најблиското семејство на лидерот на СДСМ и градоначалник на општината Зоран Заев потсетуваат на октоподот на Бранко Црвенковски, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој праша дали за Заев е нормално роднините, снаата, чичкото на Оланд, Меркел или Камерон да ги добиваат тендерите од страна на државата.

– Гледам дека секојдневно излегуваат информации во јавноста за тендери на Општина Струмица коишто ги добивале луѓе од неговото, пред се, роднинско опкружување. И малку е чудно што целата негова одбрана се движи во правец дали е тоа законски или незаконски, кога денес излегува дека татко му и чичко му зеле тендер, утре излегува снаата, задутре стрината и којзнае уште што ќе излезе.

– Од тој аспект се прашувам дали ако стрината, снаата, татко или не знам кој на Меркел или на Камерон или на Франсоа Оланд така масовно добиваа тендери во нивните земји, дали таму дебатата би била дали е тоа законски или незаконски или би имало некоја друга дебата, рече Груевски по пуштањето во употреба Лабораторија за изучување странски јазици и преведување и толкување, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Се прашувам, додаде тој, со вакви работи коишто ги работел за себе „со кој памет се нафаќа да биде лидер на најголемата опозициска партија“.

– Тоа е чудно кога гледам како излегуваат вакви работи во јавноста, како тендерите ги добивале луѓето од неговото семејство и некако целиот процес прераснува и ме потсетува на времето кога Бранко Црвенковски имаше еден октопод. Сега ова е помал октопод на локално ниво којшто очигледно е поврзан со градоначалникот, бидејќи голем дел од тендерите на општината или на луѓето што тој ги назначува за директори ги добиваат практично блиски негови роднини, подвлекува премиерот.

Тој ги оспори како чудни тврдењата на Заев дека тендерите ги потпишувале директори на општински институции.

– Чудна е, исто така, поентата дека директорот на градинката или на некоја општинска установа го потпишал тендерот, а не самиот градоначалник кога ја знаеме улогата на назначувањето на тој директор од страна на градоначалникот. И на крајот излезе дека и самиот градоначалник и директно од Општината има добиено тендери на фирми во сопственост на членови на неговото потесно семејство. Прилично чудна ситуација, рече Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.